Свет Toto-Cutugno

7 јули, 2013

Денеска Тото Кутуњо полни 70 години

На денешен ден, 7-ми јули 1943 година е роден познатиот италијански пејач и текстописец Тото Кутуњо (Toto Cutugno), кој е најпознат по неговите хитови „L’Italiano“ и евровизиската „Insieme: 1992“. Кутуњо ја започнал музичката кариера како тапанар, но подоцна оформил  бенд со кој изведувал негови авторски песни. Тој пишувал песни и за францускиот пејач Џо Дасен, вклучувајќи ги хитовите „L’été indien“ и позната „Et si tu n’existais pas“.

Во неговата долгогодишна кариера,  која започнала од седумдесеттите години на минатиот век и трае до денеска, Кутуњо има издадено вкупно 18 студиски албуми (самостојни и заеднички со бендот Албатрос).  Меѓу бројните настапи на фестивали се издвојува победата на Сан Ремо во 1980 година, како и победата на Изборот за песна на Евровизија во 1990 година, кога во Загреб, Хрватска (тогашна Југославија) се претстави со композицијата „Insieme: 1992“, песна која ја слави европската политичка интеграција, а бројот 1992 ја претставува годината кога започна да функционира Европската Унија.

 

 

 

 



Врати се горе ↑