Македонија mb

8 октомври, 2017

Денеска премиера на евровизиската песна на Мина Блажев

Македонија и годинава ќе учествува на детската Евровизија, а после минатогодишната историска победа на Грузија, јубилејното 15. издание ќе се одржи на 26 ноември во главниот град Тбилиси. Боите на нашата земја овој пат ќе ги брани пинковата ѕвездичка Мина Блажев, која ќе се натпреварува со песната „Dancing Through Life“ (Танцување низ животот), а премиерата е закажана за денеска, 8 октомври, во рамките на емисијата „Стисни плеј“ на првиот канал на МРТ, со почеток од 18.30 часот.

Ова ќе биде 13. учество за Македонија на детскиот Евросонг, каде што највисокиот пласман досега ни е 5. место, освоено во два наврати. Иако важеше за една од фаворитите, минатогодишната претставничка Мартија Станојковиќ незаслужено се пласираше на 12. место, а нејзиниот хит „Љубовта нè води“ сè уште е еден од најпрегледуваните на Јутјуб.

На Мина ѝ  посакуваме многу среќа и се надеваме дека ќе ја бодриме до победа!



Врати се горе ↑