Промоции 5ouj49

13 февруари, 2013

Денеска Пеперминт ќе го промовираат „Ама ако“

Она што панк-рок составот Пеперминт неодамна само го наговести со видео записот за песната „Твоето куче“, утре конечно доаѓа во целост. Пеперминт го промовира својот нов албум насловен „Ама Ако“, кој го објавува за издавачката куќа Пасворд Продакшн. Ова студиско остварување ќе претстави 11 композиции и  четири бонус песни. Сите песни се снимени во „Пеперминт продукција“, а зад музиката, текстот и аранжманот се потпишува Горан Трифуновски – Пајак. Покрај Горан Трифуновски (вокал и гитара), во составот на Пеперминт се: Златко Доневски – Боззо (тапани и вокали), Јане Тодоровски – Фанк (бас и вокали) и Ана Трифуновски (шејкери и вокали). Во реализацијата на ова студиско остварување како гости се појавуваат: Маријан Петровски, Кацар, Иван Душков, Игор Николовски – Гац, Сотир Ивановски – Тир, Весна Левајковиќ, Филип Вирановски.
Промоцијата на албумот „Ако“ ќе се одржи вечерва (среда,  13-ти февруари) во кафе бар „Љубов“ со почеток во 19:00 часот. Како надополнување на промотивната забава „Пеперминт“ подготвува и посебен акустичен сет.

Земете здив за ново музичко освежување.

После успехот со хит синглот „Ако“ и активната година со повеќе остварувања и успеси, Пеперминт веќе важи за најголемото освежување на домашната музичка сцена. Бендот официјално постои шест години. Видеоспотот за нивниот втор сингл на англиски „Riding My Harley In The Rain“ изминатата година беше промовиран на „Ем-ти-ви Адрија“, регионалниот музички канал во чии рамки Пеперминт учествуваше и во трката за најдобар бенд на балканот.



Врати се горе ↑