Македонија 10256234_772572619499791_6999236080181422754_n

16 март, 2015

Денеска ќе ја слушнеме англиската верзија на евровизиската „Лисја есенски“

Денеска во 17 часот на првиот канал на Македонската Радио Телевизија ќе ја слушнеме новата верзија на евровизиската „Лисја есенски“, со која Даниел Кајмакоски ќе ја претставува нашата земја на јубилејното 60. издание на Евровизија. Како што е познато, Кајмакоски во Виена ќе настапи на англиски јазик, а за новиот аранжман на композицијата, чиј автор е шведскиот композитор Јоаким Персон, се погрижи познатиот хитмејкер Роберт Билбилов.

Англиската верзија насловена „Autumn Leaves“ ќе биде претставена заедно со видео запис, а како ќе изгледа и звучи сето тоа ќе дознаеме попладнево. Дотогаш уживајте со оригиналната македонска верзија, со која Кајмакоски победи на минатогодишниот „Скопски фестивал 2014“.

 

И.Ј./Фотографии: Фејсбук



Врати се горе ↑