Настани 1234275_220546731441430_242705453_n

27 септември, 2013

Денес започнува „Free Zone Festival“

Денес е почетокот на фестивалот кој најави слободна зона, журка и дружење со бесплатен влез. Вечерва на Free Zone Festival од 20:00 часот настапуваат Токсиколози, а по нив Тајзи кој ќе го промовира својот прв соло албум. Некаде околу 21:30 часот на сцената ќе се качи гостинот од Србија Газда Паја, а по него свој настап ќе има Слаткаристика кој ќе ја затвори првата вечер.

Утре, вечерта ќе ја отворат Ѓеорги Шарески со диџеј Маци, а по нив ќе настапи Марко Логаут. Морал настапуваат некаде околу 22:00 часот, а крајот на овој фестивал ќе го крунисаат Ареа со целосен концертен настап.

Вратите се отворени од 18:00 часот, а локацијата на слободната зона е Фудбалскиот стадион до МЗТ салата, во Општина Аеродром.

 



Врати се горе ↑