Настани

2 мај, 2019

Ден на Боб Марли на 11 мај на „Школка“

„Поминаа многу години зад нас, оваа е 17. година. Од 2003, кога беше одржан за првпат, овој настан расте и со својата големина и со својата важност, собирајќи секоја година неколку илјади посетители, вклучувајќи голем број музичари и диџеи кои преку нивната уметност ја пренесуваат универзалната порака на мирот. Доближувајќи ја реге-музиката и пораката на Боб Марли – ’Една љубов, едно срце, свет без граници’ – до сите луѓе, овој настан е нешто што се памети засекогаш… Сите ние како поединци треба да придонесеме за овој настан, да продолжи да се развива и да прерасне во уште поголем на сечие задоволство“, велат организаторите за претстојниот настан во чест на реге-легендата што ќе се одржи на 11 мај во Градскиот парк.

„Сите млади и талентирани бендови кои што свират реге, слободно да се пријават за учество на телефонскиот број 075 72 86 82 – Charley – или на Фејсбук“, пишува во соопштението, а организаторите имаат и посебна молба до сите што ќе дојдат „да внимаваат со ѓубрето, барем своето да си го приберат, па малку и околу нив“.

Една љубов за сите!



Врати се горе ↑