Балкан Gitarijada1

5 април, 2013

Демо бендови од Вардар до Триглав поканети на „Гитаријада“ во Заечар

Најистрајниот натпреварувачки рок фестивал рашпиша конкурс на кој можат да се пријават бендови од Вардар па сè до Триглав, односни сите изведувачи ориентирани кон рок музиката кои ги исполнуваат условите од просторот на поранешна Југославија. Овогодинешното 47. по ред издание на „Гитаријадата“ во Заечар ќе се одржи од 1-3 август 2013 година, а организаторите си ја презедоа обрврската да го надминат минатогодишното издание, кое беше најпосетено од самото настанување на фестивалот.

Конкурсот е официјално отворен од денеска, 5 април и ќе трае до 24 мај. Право на пријавување имаат сите изведувачи од територијата на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Црна Гора кои немаат официјално објавено издание. За пријава е потребно да се испратат три авторски композиции, биографија и фотографија од бендот на електронската адреса prijava@gitarijada.rs најдоцна до 24 мај.

Праксата која се покажа како успешна ќе биде применета и оваа година, односно паралелно со Гитаријадата ќе се организира и 17. „Мото собир“ (Moto Skup), а исто така повторно ќе има и три сцени: главна на Краљевиќ, World Music на градскиот плоштад и сцената во мото кампот. Победник на 46. Гитаријада одржана минатата година беше бендот „Бас и стега“, додека првото место врз основа на гласовите од публиката го оснесе „ВИС нови дан“.

Рок Академија за сите избрани

Селектираните учесници ќе имаат можност да учествуваат на Рок Академијата, од 25 до 31 јули 2013, која подразбира работилници за демо бендови со следните елементи: подесување и одржување на гитара, подесување и одржување на тапани, методологија на вежбање на гитара и тапани, методологија на вежбање на гласот, менаџмент на бенд (вежбање, промоција, изведба, финансии, заштита на авторски права, турнеи), продукција на звук (на проби, во мали простори, на фестивали), аудио снимање (подготовка, снимање и постпродукција). Во текот на работилниците се користат методи на предавање, презентација, конкретни примери од праксата, практични вежби и самостојна работа на учесниците со асистенција.

Предвидени се и работилници за придружнен персонал кои опфаќаат изучување за тон мајстор и работилница за управување со настани (event management) со посебен акцент на безбедноста и заштитата на работата, потоа изучување за тонци базирано на долгогодишното искуство и книгата, чија основа ја постави Тим Робертс, шеф на отсекот за едукација на британската асоцијација Production Services.

http://www.facebook.com/Gitarijada

http://www.gitarijada.org/

 



Врати се горе ↑