10 април, 2013

Деми Ловато сними видео запис за „Heart Attack“

За првиот сингл насловен „Heart Attack“, со кој Деми Ловато го најавува нејзиниот нов албум, пристигна и видео издание. Овде Ловато ја прекрива мистериозна црна течност, која претставува контраст на белите ѕидови околу неа.

Нејзиниот нов албум ќе биде насловен едноставно „Demi“, а ќе биде пуштен во продажба на 14-ти мај. Претходниот албум „Unbroken“, Ловато го објави во 2011 година, а до сега е продаден во пола милион примероци.

Извор: Billboard

 



Врати се горе ↑