Аудио demi-let-it-go-disney-frozen

22 октомври, 2013

Деми Ловато сними песна за новиот анимиран филм на Дизни

Младата американска пејачка Деми Ловато, покрај сите обврски кои вклучуваат промоција на новиот албум, подготовка за турнеја, улога на судија во американската верзија на X Factor и во тв серијата „Glee“, сепак одвои време да сними песна за претстојниот анимиран филм на Дизни насловен „Frozen“, чија премиера е закажана за 27-ми следниот месец. Приказната е напишана врз основа на познатата бајка „Снежната кралица“ од Ханс Кристијан Андерсен, а гласовите за главните ликови ќе ги позајмат актерите Кристен Бел, Џонатан Гроф, Џон Гад и други.

Ловато ја отпеа темата насловена „Let It Go“, која ќе се најде на саундтракот за „Frozen“, а како звучи тоа можете да слушнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑