Аудио

23 јуни, 2018

Деми Ловато си ја отвори душата во „Sober“

Покрај одличните соработки со Кристина Агилера и „Клин бандит“, Деми Ловато периодов работи и на сопствениот нов материјал што ќе го наследи минатогодишниот албум „Tell Me You Love Me“, каде што е сместен хитот „Sorry, Not Sorry“, а судејќи по воведот во новото издание, станува збор за нејзиниот најискрен и најотворен опус досега.

Имено, 25-годишната пејачка секогаш отворено зборувала за проблемите со менталното здравје и предизвиците со биполарното растројство, но и со зависноста од лекови, алкохол и дрога, а токму за тоа пее во новиот сингл насловен „Sober“ (Трезна). Таа призна и дека им подлегнала на искушенијата набрзо откако одбележа шест години трезност, но си вети дека ќе почне отпочеток.

„Жал ми е што сум повторно во оваа ситуација, ветувам дека ќе побарам помош, не ми беше тоа намерата…“, заклучува Ловато во новата песна, а сето тоа спакувано во текстуална визуализација ве очекува во продолжение.



Врати се горе ↑