Свет Demi-Lovato-Angels-Among-Us

26 декември, 2012

Деми Ловато им посвети песна на жртвите од Њутаун

„Angels Among Us“ е новата песна на американската пејачка Деми Ловато која им ја посвети на жртвите од масакрот во основното училиште „Сенди Хук“ во гратчето Њутаун, Конектикат, каде што на 14-ти декември беа убиени 20 деца и 6 возрасни. Видео записот кој го сними Ловато, започнува со пораката: „Никогаш нема да можеме да замислиме што искусуваат во моментов семејствата во Њутаун. И додека не можеме да направиме ништо со што би ја замениле нивната загуба, можеме да застанеме заедно и да им ја дадеме нашата поддршка во ова тешко време. Оваа песна е во чест на тие ангели кои ги загубивме на 14-ти декември“.

Сетот за снимањето беше украсен со свеќи, а Ловато не може да ја сокрие нејзината тага, која на моменти преовладува врз нејзиниот моќен вокал. Слушнете ја „Angels Among Us“ во придружба на пијано и акустична гитара.

Извор: Popcrush



Врати се горе ↑