19 март, 2018

Деми Ловато и Кју Тип со освежена верзија на „Don’t Go Breaking My Heart“ од Елтон Џон

Како што ви пренесовме деновиве, звучни имиња од актуелната музичка сцена ќе запеат на двата нови албуми на Елтон Џон, каде што ќе ги препејат неговите најпознати хитови од повеќедецениската кариера. Меѓу нив е се и Деми Ловато и Кју Тип, кои ги здружија силите за освежената верзија на познатата „Don’t Go Breaking My Heart“, која Елтон Џон ја сними во дует со колешката Кики Ди во далечната 1976 година.

 

Секако дека младите музичари придонесоа за помодерен и современ звук на овој евергин, а како звучи и изгледа сето тоа дознајте горе. Освен нив, својот придонес за вториот, кантри-албум на Елтон Џон го објави и кантри-ѕвездата Крис Стејплтон, кој ја препеа баладата „I Want Love“ (2001).

 

Иако е на сред турнеја, Деми Ловато сепак наоѓа време и да сними по некоја песна, па покрај дуетот со Кју Тип, деновиве е актуелна и со соработката со диџеј Калид за темата „I Believe“, снимена за потребите на новиот Дизниев хит „Траги во времето“, кој веќе започна да се прикажува во кината ширум светот.



Врати се горе ↑