Концерт x

19 мај, 2014

Дел од приходот од концертот на финалистите на „Х Фактор“ оди во хуманитарни цели

Дванаесетте финалисти на мегапопуларното музичкото шоу „Х фактор“ на 7 јуни доаѓаат токму во Скопје на својот прв заеднички концерт кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“. Пред закажаниот концерт, дел од финалистите денес имаа можност да се сретнат со македонските медиуми на конференцијата за печат на која ги соопштија информациите за претстојниот концерт.

Даниел Кајмакоски, Тамара Милановиќ, Фифи и Урош Трукулов од групата „Доктори“ соопштија дека со нетрпеливост го очекуваат концертот во Скопје и веќе се активно ангажирани во подготовките за својот настап. На концертот финалистите ќе ги отпеат најдобрите песните од нивните „лајв“ настапи на финалните вечери, а дел од нив на овој концерт премиерно ќе ги претстават и своите први песни.

Покрај нив, на средбата со новинарите присуствуваше и Сандрина Анѓиќ, сопственичка на „МБК Продукција“ под чија надлежност се одржува концертот во Скопје.  „Ви благодаиме за целата поддршка што досега ја добивме од Македонија. За време на одржувањето на „Х Фактор“, најголемата поддршка ја имавме токму од Македонија, а и во овие тешки моменти Македонија најмногу помогна. Се извинувам од името на Маид и Армин кои сакаа да бидат тука, но веќе неколку дена се наоѓаат и помагаат во кризните места настрадани од поплавите во регионот. За таа цел и „МБК“ продукција одлучи нашиот дел од средствата од овој концерт, да ги доделиме во хуманитарни цели, со што и на овој начин ќе помогнат сите кои ќе бидат дел од концертот.“ – изјави Сандрина Анѓиќ.

На големото концертно шоу кое нè очекува на 7 јуни во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, бројните фанови на регионалното издание на светски популарниот музички натпревар „Х Фактор“ конечно ќе имаат специјално задоволство да уживаат во заедничкиот настап на финалистите од регионалното издание на ова шоу: Даниел Кајмакоски, Младен Лукиќ, Маја Новаковиќ, Александра Брковиќ, Тамара Милановиќ, Алекса Перовиќ, Харис Ќато, Лукијан Ивановиќ, дуото „H2O“ сочинето од Фифи и Маринела, како и бендовите „Доктори“ и „4U“.

Промотивно и за прв пат кај нас – БЕСПЛАТНА ДОСТАВА на влезниците до вашата адреса

Влезниците за концертот на финалистите од „Х Фактор Адриа“ се веќе достапни во продажната мрежа на МКтикетс! Поради огромниот интерес за овој концерт, ве советуваме дека треба да побрзате за да го осигурате вашето присуство, а во прилог на посетителите на концертот е и новата промотивна услуга за бесплатна достава на онлајн купените влезници, која за прв пат кај нас и токму за овој концерт ја овозможи МКтикетс во соработка со „ГЛС“.

Услугата за достава на влезниците важи само за влезниците кои се купени онлајн, а сè што треба да направите за вашите билети да бидат доставени до било која адреса во Македонија е да ја одберете опцијата за достава при онлајн купувањето. Сите информации за начинот на кој се спроведува бесплатната достава на онлајн купените влезници можете да ги најдете на овој линк.

Во продажба се достапни влезници за партер по цена од 350 денари,влезници за трибините кои чинат 400 денари, ограничен број ВИП влезниципо цена од 1.000 денари, додека пак за најголемите фанови и оние кои сакаат да бидат дел од овој концерт во првите редови на публиката и најблиску до своите омилени изведувачи, достапни се и фан-пит влезници по цена од 700 денари.

Сите влезници можете да ги набавите преку продажната мрежа на МКтикетс:

  • Продажните салони на ONE во: Скопје (Рамстор, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Скопје Сити Мол) Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.
  • Југотон ГТЦ 1 кат, МПМ ПРЕСС, Гоги Драчево, Универзална Сала – Скопје, Билетара на „Борис Трајковски“.
  • Онлајн преку www.mktickets.mk .


Врати се горе ↑