Настани ImageProxy

27 мај, 2014

Дел од приходот од Егзит влезниците оди за загрозените од поплавите во рамките на продолжувањето на акцијата 5+1

Акцијата на ЕГЗИТ фестивал „Немаш карта? Имаш пријатели!“ во знак на новите случувања добива и нова димензија, посветена на жртвите од катастрофалните поплави во Србија, Босна и Хрватска. ЕГЗИТовата 5+1 акција продолжена е до 6 јуни на полноќ. Секоја екипа од пет луѓе која до тој датум заедно ќе ги купи своите влезници за ЕГЗИТ или ЕГЗИТ авантурата ќе добијат шеста влезница гратис за уште еден член на друштвото, а во рамките на „ЕГЗИТеид“ (EXITAidпрограмата, фестивалот за секоја гратис влезница ќе го донира износот на таа влезница во фондот за загрозените од поплавите. Покрај тоа, сите во друштвото, под услов на претходна регистрација, добиваат и по една гратис влезница за РОК@ЕГЗИТ“ (ROCK@EXIT) фестивалот, кој ќе се одржи на 11 јуни на Петроварадинска тврдина, со „Квинс оф д стоун ејџ“ (Queens of the Stone Age) како хедлајнери.

Цената на влезниците за ЕГЗИТ изнесува 3.580 денари, а за ЕГЗИТ авантурата 4.320 денари. Покрај пружената помош на жртвите од поплавите сите учесници во акцијата кои на време ќе се регистрираат добиваат и бесплатни влезници за „Рок@ЕГЗИТ“ фестивалот. Регистрацијата за „Рок@ЕГЗИТ“ почнува во сабота на 7 јуни од 14:00 часот и ќе трае до понеделник на 9 јуни во 23:59 часот преку сајтот www.gigstix.com/qotsa.

Влезниците можат да се купат во продажната мрежа на МКтикетс и во Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат).

„ЕГЗИТЕид“ (EXITAid) е програма на ЕГЗИТ фондацијата за поддршка на најзагрозените во поплавите кои ги зафатија Србија, БиХ и Хрватска. ЕГЗИТ фондацијата, во рамки на програмата „ЕГЗИТЕид“ до сега собра помош од преку 30.000 евра, а посебна благодарност должи на компанијата ВОДАВОДА, со чија помош се обезбедени 100 000 литри флаширана вода за пиење за загрозените подрачја. Бројни изведувачи се одзваа на повикот на „ЕГЗИТАид“ преку своите социјални мрежи да ја споделат со своите обожаватели информацијата за поплавите и да ги повикаат луѓето со добра волја да донираат на назначените сметки: „Д Продиџи“, „Квинс оф д стоун ејџ“, „Афроџек“, Ману Чао, „Ејжн Даб Фаундејшн“, „Аркона“, „Горгон Сити“, Сајмон ле Бон, „Дабфајр“ од „Дип Диш“. Програмата на „EXITAid“ продолжува и понатаму и ги повикуваме сите кои се во можност да се приклучат во акцијата! Повеќе информации на www.exitfest.org/en/exitaid.



Врати се горе ↑