Свет dg-sg-smd

17 јануари, 2014

Дејвид Гета најави нов сингл со Скајлeр Греј

Францускиот продуцент и диџеј Дејвид Гета и покрај работата на неодамнешните изданија од колешките Лејди Гага, Бритни Спирс и други, сепак наоѓа време  и за својот нов материјал. Имено, познатиот продуцент деновиве ја најави својата нова песна за која соработува со американската пејачка Скајлер Греј, а станува збор за преработка на познатиот хит „My Baby Shot Me Down“ кој во 1966 година го отпеаја и Ненси Синатра и Шер.

Оваа соработка насловена „Shot Me Down“ ќе биде објавена на 20-ти јануари на сервисот Beatport, а како ќе звучи можете да слушнете од промотивниот извадок во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑