6 април, 2018

Дејвид Гета и Сиа со филмско видео за најновата соработка „Flames“

Пред две недели, Сиа и Дејвид Гета ја претставија својата најнова соработка за инстант-хитот „Flames“, кој оттогаш го преслушаа над 12 милиони корисници на „Спотифај“, а сето тоа сега е поддржано и со интересна филмска визуализација во режија на Лајор Молчо и со актерот Дени Трехо и „нинџите“ Лорен Мери Ким, Кортни Чен и Ерин Ву во главните улоги. Интересно е што Дејвид Гета овде има улога на негативец, а каков резултат ќе има битката на доброто против злото дознајте горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑