Аудио

23 март, 2018

Дејвид Гета и Сиа имаат нов хит

„Flames“ е насловот на најновата соработка на францускиот диџеј и продуцент Дејвид Гета со австралиската дива Сиа, кои уште еднаш ги здружија силите во освојувањето на топ-листите. Станува збор за новиот сингл на Гета, кој го подготвува своето седмо студиско издание, каде што ќе бидат сместени и претходно објавените соработки со Афроџек, Френч Монтана, Мартин Гарикс, Шон Пол и други.

Со Сиа пак, ова му е четврта заедничка песна, а дали ќе го повтори успехот на одличната „Titanium“ (2011) ќе дознаеме наскоро. Дотогаш слушнете како звучи најновото дело на овој музички тандем. Уживајте!



Врати се горе ↑