Свет dg-h

11 мај, 2015

Дејвид Гета и Хозиер подготвуваат нов хит

Познатиот диџеј и продуцент Дејвид Гета во неодамнешно интервју открил дека го забележал Хозиер уште кога ја објавил песната „Take Me to Church“, пред да стане огромен хит. „Тој е неверојатен! Додека работев на својот албум, почнавме да работиме на една песна заедно бидејќи неговата музика ја забележав на самиот почеток“, рекол Гета, додавајќи дека бил воодушевен кога прв пат го слушнал познатиот хит.

„Тој исто така е многу фино момче. Се надевам дека наскоро повторно ќе влеземе во студио и ќе го завршиме она што го започнавме“, заклучил диџејот, кој својата љубов кон музиката на Хозиер ја докажал и на неодамнешниот настап на фестивалот „Коачела“, кога во својот сет ја сместил токму „Take Me to Church“. Како изгледаше сето тоа можете да погледнете во продолжение.

 

Младиот ирски музичар во моментов е актуелен и со синглот „Work Song, а 47-годишниот француски продуцент со минатогодишниот, шести по ред студиски албум „Listen“, на кој се најдоа соработки со ѕвезди како што се Сиа, Ники Минаж, Емели Санде, Џон Леџенд, Биби Реџа, Рајан Тедер (од „Уан репаблик“) и други. Во продолжение слушнете ја соработката со Минаж – „Hey Mama“.

 



Врати се горе ↑