Видео

23 октомври, 2018

Дејвид Гета, Џејсон Деруло, Ники Минаж и Вили Вилијам ја екранизираа „Goodbye“

Заедничкиот сингл на Дејвид Гета и Џејсон Деруло, во кој гостуваат и колегите Ники Минаж и Вили Вилијам, „Goodbye“ вчера доби и свое официјално видео кое би требало да го засили походот за освојување на топ-листите. Објавена кон крајот на август годинава, песната сè уште не успеа да се пробие меѓу најслушаните ширум светот, засега достигнувајќи го само 9. место на Билбордовата денс-листа.

„Goodbye“ воедно го најави и седмиот студиски албум на Гета, симболично насловен „7“, кој стигна во септември во форма на двојно цеде со 15, односно 19 теми за луксузното издание на првото и 12 на второто цеде.

Покрај снимките од настапи во живо, видеото за „Goodbye“ содржи и љубовна приказна што се одвива во Лондон, а како изгледа сето тоа дознајте во продолжение.



Врати се горе ↑