19 мај, 2015

Дејвид Гета, Афроџек и Ники Минаж го претставија видео записот за „Hey Mama“

Еден од кандидатите за најголем летен хит е секако песната „Hey Mama“ од Дејвид Гета, Афроџек и Ники Минаж, а иако не е потпишана, би требало да се спомне и младата албанска пејачка по потекло од Дебар, Биби Рекса, чиј вокал се слуша во песната. Може да се забележи дека видео записот е инспиран од филмот „Лудиот Макс“, а најмногу од неговото последно продолжение кое во моментов се прикажува во кино салите ширум светот.

Инаку, видео записот е премиерно прикажан на сајтот „Весел“ (Vessel), а се очекува наскоро да биде објавен и на „Јутјуб“. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑