Свет tilda-swinton-lorde-david-bowie

4 јануари, 2014

Дејвид Боуви воодушевен од Лорд

Младата кантавторка од Нов Зеланд која минатата година ќе ја запамети по одличното пробивање на светската музичка сцена со нејзиниот хит сингл „Royals“, 17-годишната Лорд често е во центарот на вниманието, а со нејзините изјави за медиумите успева да ги шокира сите, вклучувајќи ги и нејзините колеги. Покрај критиките за тинејџерските сензации како што се Мајли Сајрус и Тејлор Свифт, Лорд има само позитивни зборови за уметници како што се Аркејд Фајр, писателот Курт Вонегат и Бијонсе, но со особена возбуда зборува за легендарниот музичар Дејвид Боуви, со кој неодамна имала можност да се сретне и да разговара со него.

Во неодамнешно интервју за онлајн магазинот Rookieза средбата со Боуви пејачката изјавила: „Мојот живот стана комплетен круг. Би можела креативно да умрам и само да бидам среќна засекогаш. Така се чувствував кога го сретнав Дејвид Боуви. Да се слушне од некој како него дека кога ја слуша твојата музика се чувствува како да ја слуша иднината… Беше многу слатко, а и од некоја причина се држевме за раце и само зјапавме еден во друг. Тогаш си помислив ’ова е раката на Дејвид Боуви, што правам?’ Тоа беше луд и прекрасен момент.“ 

 

 



Врати се горе ↑