Свет david-bowie-tfa

8 јануари, 2013

Дејвид Боуви со нов сингл го најави новиот албум

По пауза од една деценија, легендарниот британски музичар Дејвид Робер Џоунс, попознат како Дејвид Боуви денеска, на неговиот 66-ти роденден, објави дека новиот дваесет и четврти по ред студиски албум насловен „The Next Day“ ќе биде објавен во март годинава. Веста ја потврди синот на Боуви, филмскиот режисер Данкан Џонс, а истата е објавена и на официјалниот сајт на музичарот. Последниот албум кој го издаде Боуви беше „Reality“ во 2003 година.

На албумот ќе се најдат 14 песни, а на луксузното издание ќе има и 3 бонус песни. Во продолжение погледнете ја целосната листа на песни кои музичарот ќе ги промовира и со светска турнеја, како и видео записот за првиот сингл „Where Are We Now?“.

Листа песни од новиот албум:

1. The Next Day
2. Dirty Boys
3. The Stars (Are Out Tonight)
4. Love Is Lost
5. Where Are We Now?
6. Valentine’s Day
7. If You Can See Me
8. I’d Rather Be High
9. Boss of Me
10.’Dancing Out In Space
11. How Does the Grass Grow?
12. (You Will) Set the World On Fire
13. You Feel So Lonely You Could Die
14. Heat

Луксузно издание со бонус песни:

15. So She
16. I’ll Take You There
17. Plan

 



Врати се горе ↑