Свет 166709_10151251843617665_1000706931_n

17 февруари, 2013

Дејвид Боуви најави нов сингл

Откако по пауза од една деценија легендарниот британски музичар Дејвид Боуви (66) се врати на музичката сцена со новиот сингл „Where Are We Now?“, со кој го најави неговиот дваесет и четврти по ред студиски албум насловен „The Next Day“, а вчера на неговата официјална фејсбук фан страница осамна фотографија на која веројатно стои насловот на следниот сингл од ова издание, како и датата на која истиот ќе биде објавен.

На необичната фотографија стои насловот „The Stars (Are Out Tonight)“, а над неа стои датата 26-ти февруари 2013 година.



Врати се горе ↑