Видео db-bs

9 јануари, 2016

Дејвид Боуви го прослави 69. роденден со нов албум

Британскиот музичар Дејвид Боуви го прослави својот 69. роденден со нов албум  насловен „Blackstar“, кој го објавува точно по тригодишна музичка пауза. Како прв сингл од новото издание, Боуви кон крајот на ноември минатата година ја објави токму насловната нумера, чија музика е сместена во шпицата и трејлерот за тв-серијата „The Last  Panthers“, која од октомври се емитува на одбрани канали ширум Европа, а втората песна што доби своја екранизација е темата „Lazarus“.

Новиот, 25. по ред албум на британскиот рок-музичар содржи 7 песни, кои можете да ги преслушате на неговиот официјален канал на Јујтуб. Песните имаат компоненти на џез и ритам секции како германскиот бенд „Крафтверк“, пионери на електронската музика. Претходниот албум на Боуви, „The Next Day“ исто така беше објавен на денот на неговиот роденден во 2013 година, по десет години пауза, бидејќи музичарот имаше проблеми со срцето.



Врати се горе ↑