Свет

28 март, 2018

Дејвид Боуви доби статуа во местото каде што го претстави Зиги Стардаст

Статуа на славниот британски пејач и музичар, Дејвид Боуви, беше откриена деновиве во британскиот град Ејлсбери, каде што сестраниот уметник првпат го претстави ликот Зиги Стардаст. Боуви инспирацијата за тој лик ја пронашол во една друга британска рокенрол ѕвезда – Винс Тејлор, кој по доживеан нервен напад, почнал да говори за себе дека е човечко-вонземски мутант и врска меѓу луѓето и Бога.

Песната за Зиги се наоѓа на албумот „The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders from Mars“, којшто само го зацврсти Боуви на пиедесталот меѓу рок ѕвездите. Бронзената фигура е поставена на плоштадот во Ејлсбери, и таа го претставува „опуштениот“ Дејвид Боуви и неговото „второ јас“. Творец на скулптурата е вајарот Ендрју Синклер.



Врати се горе ↑