Видео

6 декември, 2017

Дејан Лилиќ, Викторија Лоба и Филип Божиновски ги изработија своите божикни ѕвезди

Откако минатата недела Ви го покажавме единственото место во Македонија каде што се изработуваат божикните пештери како еден од најубавите симболи на празникот што ни доаѓа, на ред е да Ве запознаеме со начинот на кој се изработуваат божикните ѕвезди, овој пат во домашни услови, со цел секој што ќе го проследи овој прилог да може да им помогне на најмладите членови во семејството сами да си направат божикна ѕвезда која освен за украсување на домот, ќе им биде потребна на децата, и за учество во бадниковите поворки кои традиционално и оваа година, на 6 јануари – Бадник, ќе се одржуваат низ улиците на Скопје и сите останати градови во Македонија.

dav

Во семејниот дом на г-ѓа Даниела Секуловска, која веќе неколку години изработува божикни ѕвезди за децата што ги предводат бадниковите поворки, организиравме мини работилница во која се вклучија Викторија Лоба, Дејан Лилиќ и Филип Божиновски кои исто така ќе бидат дел од овогодишните бадникови поворки и заедно со уште многу познати личности од светот на музиката, филмот, телевизијата, спортот и театарот, ќе чекорот и пеат заедно со децата, и во тоа колективно радосно празнување, ќе го навестуваат Христовото раѓање.

dav

Како течеше изработката на божикните ѕвезди, како Викторија Лоба, Дејан Лилиќ и Филип Божиновски се снајдоа во сето тоа, што за нив значи учеството во бадниковите поворки и во целата таа мисија на љубов и милосрдие која во периодот што следува уште повеќе ќе Ви ја приближиме, можете да видите од нивните изјави во видеото во продолжение.

 

Божикната ѕвезда ја симболизира Витлеемската ѕвезда која со необична светлина блескала и ја осветлувала пештерата во која се родил Исус Христос. За неа се знае дека се разликувала од обичните ѕвезди. Неа ја следеле тројцата мудреци (според податоците тие биле мудреци – астрономи од Исток). Нејзината силна и чудесна светлина блескала дури до нивната родна земја, па тие како добри познавачи и толкувачи на ѕвездите, знаеле дека кога на небото ќе се појави толку светла ѕвезда, тогаш сигурно се родила некоја голема и значајна личност – цар. Така тие тргнале по неа, ѕвездата се движела пред нив, им го осветлувала патот по кој тие се движеле, и ги довела токму до пештерата во која се родил Христос, каде што уште еднаш силно засветлила, покажувајќи им го на тој начин местото на раѓањето на Царот Христос.

dav



Врати се горе ↑