Настани dedomraz

14 декември, 2012

Дедо Мраз ќе пристигне во Скопје, да му посакаме добредојде!

Оваа сабота, на 15-ти декември 2012 година во 13:00 часот во агендата на Дедо Мраз стои дека ќе допатува во нашата држава, а како прв град ќе го посети Скопје. Тој заедно со своето Џуџе и неговите блиски соработници својата санка ќе ја паркира на кровот од Т.Ц. Соравија. Поради тоа што Трговскиот центар е модернизиран и нема оџак, Дедо Мраз одлучи да се спушти со јаже од кровот на Соравија за од својата волшебна вреќа да Ви донесе на сите Вас многу подароци и изненадувања.

Понесете ги со себе своите желби, а тој со своите патници ќе ни приреди настан исполнет со многу музика, магија, илузија и танцување.

Во име на Дедо Мраз, Ве покануваме сите на незаборавна забава заедно со децата од домот без родители „11 Октомври”.

 



Врати се горе ↑