Аудио

13 ноември, 2017

Деди Јенки во ремиксот на хитот „Havana“ од Камила Кабејо

Откако ја напушти матичната група „Фифт хармони“, која беше формирана и се прослави со учеството на американскиот „Х фактор“, Камила Кабејо полека се пробива како соло-изведувач, а имајќи го предвид успехот на актуелниот хит „Havana“, може да се каже дека ѝ оди и повеќе од добро! Имено, песната е една од највртените на речиси сите радија ширум светот, а собира и милионски прегледи и преслушувања на разни музички платформи на Интернет.

После оригиналната верзија со колегата Јанг Таг, чие официјално видео е во стилот на јужноамериканските сапуници (второто „вертикално“ видео погледнете го овде), пејачката со кубанско и мексиканско потекло објави и ремикс, за кој ги здружи силите со уште една популарна латино-ѕвезда – порториканскиот рапер Деди Јенки, а самата песна е отпеана на тн. шпанглиски јазик, односно дел е на англиски и дел на шпански јазик. Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑