Аудио omot-deca-rokenrol3Ca

30 декември, 2014

Децата пеат рокенрол: „На невкусот треба да му се каже НЕ!“

Детскиот хор „Чуперак“ од Србија и Душан Којиќ Која (Дисциплина кичме) заедно снимија нова верзија на песната Неукусу треба речи НЕ“. Оваа е прва во низата песни кои ќе се најдат на изданието „Деца певају рокенрол“, на кое познатите рокенрол песни ќе ги обработува детскиот хор „Чуперак“ во соработка со нивните автори.

На дечињата им било мошне забавно во студиото кое се наоѓа во нивниот роден град Кикинда.

Која по овој повод изјавил: „’Дисциплина кичме’ секогаш им биле интересни на децата, тоа едноставно ритмично повторување на краток и невообичаен текст очигледно им се допаѓа и успева да го задржи нивното внимание. Така беше и овој пат: летоска прво ја изведовме, а потоа снимивме поинаква верзија на песната ’Неукусу треба речи не!“, која во овој момент претставува и своевидна завршница на истоимената културно-забавна акција која ’Дисциплина кичме’ ја одржа пред десетина дена во белградски СКЦ.“

 

Која во песната свири слајд гитара, а ги потпишува и миксот, аранжманот и продукцијата на новата инкарнација на неговата песна. Снимката беше создадена во студиото „Чуперак“, а сето тоа го снимил Борис Гвозден. Соработничка во хорот била Хана Балабан. Авторка на илустрациите кои ја следат песната е Нина Миленовиќ Јовановиќ.

Детскиот хор „Чуперак“ го води Светлана Милиќ, која е диригент, а при изведувањето на песната во живо била задолжена и за кореографијата. Инаку, Која и хорот „Чуперак“ премиерно ја изведоа оваа песна на 13 јуни 2014 година на затворањето на петтото Меѓународно биенале на уметнички детски израз – „5. БУДИ“ во Центарот за култура во Панчево. Потоа песната беше снимена и во студио.

Во текот на проектот „Деца певају рокенрол“, децата од хорот „Чуперак“ (кој работи во Кикинда и Јагодина) преку работилници со еминентни рок автори ќе учествува во креирањето на новото музичко дело, а снимањето на темите во студио, како и изведувањето во живо ќе биде интересно и драгоцено искуство за нив, кое ќе влијае на проширувањеро и развојот на нивното музичко образование.

Автори на проектот „Деца певају рокенрол“ се Александар Павлиќ (Дигимериа ПР) и Бранислав Радовановиќ (основач и уметнички директор на Меѓународното биенале на уметнички детски израз – БУДИ, манифестациите кои ги организира Центарот за култура во Панчево). Проектот во оваа (прва) фаза го поддржаа Град Панчево, Центар за култура – Панчево, хорот „Чуперак“ и „Дигимедиа ПР“.

Извор: mtv.rs

 



Врати се горе ↑