19 февруари, 2014

Деби сингл и од второпласираниот на X Factor UK, Николас Мекдоналд

Веќе целиот свет слушна за победничката на јубилејниот 10-ти серијал од британскиот (и оригинален) X FactorСем Бејли, но оваа сезона понуди навистина квалитетни музичари за кои допрва ќе се слушне. Таков е случајот и 17-годишниот Николас Мекдоналд од Шкотска, кој се бореше за победа до самиот крај и заврши на второто место. Поради неговиот чист и моќен вокал, неговиот ментор Луи Волш честопати го нарекуваше „малиот Бубле“ бидејќи навистина му лежат песни во стилот на познатиот канадски пејач Мајкл Бубле.

Во текот на целиот натпревар Николас беше еден од фаворитите, а по завршувањето на X Factor, неговиот талент го препозна компанијата RCA Records под чија етикета на 17-ти март ќе го издаде својот деби албум „In The Arms Of An Angel“. Албумот го доби својот наслов по истоимената песна која ја изведе во текот на натпреварот, а покрај трите оригинални песни ќе се најдат и уште неколку песни од натпреварот, меѓу кои „Just The Way You Are“ од Бруно Марс, „Someone Like You“ од Адел, „Flying Without Wings“ од Вестлајф и други.

Од трите оригинални теми кои ги носат насловите „Answerphone“, „Smile“ и „Solid Gold“, како прв сингл беше избрана темата „Answerphone“, а видеозаписот за истата можете да го видите горе. Како изгледаше неговата приказна за време на X Factor можете да погледнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑