Свет snoop_lion

1 март, 2013

Деби албумот на Снуп Лајон ќе пристигне во април

Како што пишува магазинот Idolatorреинкарнираниот Снуп Лајон ќе го објави неговиот прв реге албум насловен „Reincarnated“ на 23-ти април. Во соопштението по повод најавата на ова издание стои: „Со овој албум им оддавам почест на оние кои творат и ја сакаат реге музиката и се надевам дека ќе успеам да привлечам и нова публика за овој музички жанр. Се чувствувам почестено што успеав на направам ваква плоча и сакам да им искажам почит на оние кои ми го покажаа тој пат“. 

На албумот му гостуваат Дрејк, Крис Браун, Баста Рајмс, Ти Ај и Рита Ора.

Првата песна која беше претставена по неговата преобразба беше „La la la“, а како тоа изгледаше можете да се потсетите на следниот линк.

 



Врати се горе ↑