Свет sam bailey

6 февруари, 2014

Деби албумот на Сем Бејли ќе пристигне во март

Победничката на 10-тата сезона од британскиот X Factor, Сем Бејли во изминатиов период го подготвуваше нејзиниот деби албум кој е веќе во завршна фаза. Нејзиното првенче ќе го носи насловот „The Power of Love“ и ќе биде објавен на 24-ти март, а покрај победничкиот сингл „Skyscraper“ , ќе се најдат уште неколку преработки (веројатно теми изведени за време на натпреварот), како и нови оригинални песни.

Пејачката ќе се појави и како специјален гостин на концертите на Бијонсе од британскиот дел на нејзината продолжена турнеја, а неодамна настапи на Националните Телевизиски Награди во Велика Британија и тоа заедно со познатиот музичар Мајкл Болтон. Нивниот заеднички настап со кој ја отворија манифестацијата, како и нејзината изведба на „The Power of Love“ можете да ги погледнете во продолжение.



Врати се горе ↑