Аудио de_la_soul_single_cover

7 март, 2014

Де Ла Соул означуваат јубилеј со нова песна

Познатото рап трио Де Ла Соул формирано во далечната 1987 година неодамна објави нова песна во чест на јубилејот 25 години од објавувањето на своето деби издание „3 Feet High and Rising“, но и во знак на сеќавање на нивниот продуцент Џејмс Дуит Јенси, познат како Џеј Дила (Ј Dilla) кој почина во 2006 година, а песната насловена „Dilla Plugged In“ можете да ја слушнете во продолжение.

 

Иако најавија дека новиот албум „You’re Welcome“ ќе пристигне минатата година, објавувањето е поместено за крајот на годинава, а пред тоа ќе бидат претставени дури две нови изданија. Имено, Де Ла Соул подготвува уште едно ЕП издание посветено на починатиот продуцент кое ќе го носи насловот „Smell The DA.I.S.Y.“, а најавен е и микстејпот „Premiem Soul On The Rocks“, за чија продукција ќе бидат задолжени диџеј Премиер и Пит Рок.

 



Врати се горе ↑