25 јануари, 2013

Давор Марковиќ: Македонците знаат да препознаат квалитет

Српскиот пејач Давор Марковиќ неодамна го објави неговиот нов сингл насловен „Прати ме, пратим те“, за кој вчера промовираше и видео запис. Покрај атрактивните девојки, гостува и водителката Ана Севиќ, а режијата е на познатиот Дејан Миличевиќ. Давор го издаде неговиот деби албум во април минатата година, а познат е по тоа што во неговите видео записи секогаш гостува позната личност, како што беше гостувањето на Сораја во видео записот за песната „Ѓавол“.

„Сега уживам во популарноста која ми расте во Србија од ден во ден и се надевам дека тој успех ќе го постигнам и кај вас затоа што македонската публика знае да препознае квалитет. Среќен сум што работата ми оди добро, а и приватно во љубовта почнувам да бидам среќен. Се радувам што добивам многу повици од Македонија, и наскоро ќе дојдеме со Сораја“ – изјави Давор Марковиќ.
Прво што му текнува на пејачот кога некој ќе ја спомне Македонија е токму нашата легенда Тоше Проески, потоа центарот на Скопје, добрата храна и одличната публика. Давор во Македонија снимаше видео запис преку кој го промовираше туризмот и нашиот бисер – Охрид. Музичката дистрибуција на видеото ја врши канадската компанија OnAir.FM преку нејзиното претставништво во Македонија, OnAir.FM Macedonia.



Врати се горе ↑