Балкан Анабела Буква

18 октомври, 2012

Давор Марковиќ и Анабела Буква во Париз

Анабела, поранешната членка на составот Фанки Џи, сега позната како Анабела Буква заедно со младиот и талентиран пејач Давор Марковиќ се подготвуваат за заеднички настап во градот на светлината, Париз. Давор со неговата колешка ќе настапи во дискотеката Red Light во Париз на 19ти овој месец. Момчето кое неодамна го издаде својот прв албум насловен „На сав глас“ (На цел глас) во соработка со Сити Рекордс, бележи големо присуство во медумите кога го снимаше видео записот за неговата песна „Ѓавол“ заедно со контроверзната Сораја, а за последната негова нумера „Нека друга је ту“ (Некоја друга е тука) спотот се снимаше во Охрид.  Иако доста популарен кај нашите соседи, Давор сè уште не и е многу познат на македонската публика, но полека и сигурно си го наоѓа своето место на музичката сцена.

 

 

 



Врати се горе ↑