Македонија 12277_10153741154418758_165899850370852887_n

30 декември, 2015

Давид Темелков ја заокружи годината со најслушан хит во Хрватска

2015 е навистина годината која Давид Темелков ќе ја памети до крајот на животот, не само по учеството во „Х фактор, туку и по огромниот успех на неговиот деби сингл Беше сè“, односно „Била је боља! Песната потпишана од Миро и Соња Буљан и Огнен Неделковски, кој го направи препевот на македонски јазик, дефинитвно му го отвори патот да стане вистинска балканска ѕвезда.

„Најубавиот подарок кој можевме да го добиеме јас и мојот тим од ’Хит рекордс’ за оваа година пристигна под нашата елка! 2015, година која започна неизвесно и возбудливо, завршува уште поубаво! Сите оние што ме следите и поддржувате, нашата ’Била је боља’ е официјално прогласена за ’Хит на есента 2015’ во Хрватска, но годинава ја завршуваме и на ПРВОТО место на топ листата на ’Народно радио’ – Хрватска! Бидете благословени и ширете љубов и добрина, бидејќи музиката и љубовта се единствени нешта кои искрено ги врзуваат нашите срца! Ви благодарам на големата и искрена поддршка“, со овие зборови Темелков ја сподели убавата вест со своите фанови, а ние му посакуваме уште поголеми успеси во Новата година!



Врати се горе ↑