15 февруари, 2016

Давид Темелков го претстави видео записот за „Беше сè“

По премиерата на видео записот за хитот Била је боља, Давид Темелков конечно ја претстави и екранизацијата за македонската верзија на оваа песна, која го носи насловот „Беше сè“. Како автор на музиката и аранжманот се потпишува хрватскиот музичар Миро Буљан, продукцијата е дело на Тони Цетински, а препевот на македонски го направи нашиот познат текстописец Огнен Неделковски. Видео записот беше премиерно претставен во минатонеделната епизода од емисијата „Стисни плеј“ на МРТ, а сега можете да го погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑