Аудио David

7 октомври, 2013

Давид Темелков дебитира со „Молитва“

Давид Темелков е ново лице на македонската музичка сцена. Тој својата кариера ја започнува со емотивна балада која никого нема да остави рамнодушен. Песната „Молитва“ е комплетно авторско дело на Андреј Миске и неговата Miskebeat Production, чиј ексклузивец е токму Давид Темелков.

„Сè се случи толку спонтано, но и премногу брзо. За еден ден снимивме речиси сè, искрено многу сум задоволен од тоа колку добар производ излезе на крајот. Сакам да се заблагодарам до Miskebeat продукција и Андреј Миске, направивме прекрасна песна која верувам дека никого нема да остави рамнодушен“ – вели Темелков.

Давид Темелков веќе две години активно работи во Македонска Опера и Балет, најпрво како волонтер, а потоа хонорарно. Темелков е студент на Музичката Академија во Скопје на отсек соло пеење. Во слободно време Давид работи и како личен фитнес тренер.

 



Врати се горе ↑