18 април, 2013

Давид Нешкоски Трио промовира видео запис и нов албум

Новото име кое ветува многу, Давид Нешкоски, односно Давид Нешкоски Трио деновиве го претстави видео записот за нивниот нов сингл „Magical Dreamland“, воедно најавувајќи го истоимениот нов албум, чија промоција ќе се случи на 24-ти април во Младинскиот Културен Центар со почеток од 21 часот, а во улога на промотор ќе се јави добро познатиот Драган Б. Костиќ.

Инспириран од светските музичари како што се Ерик Клептон, Џими Хендрикс, Џон Мејер и тн., Давид во изминатиов период го подготвуваше албумот на кој ќе се најдат десет композиции. „Magical Dreamland“ е авторско дело на Давид (музика и текст), додека за аранжманот се погрижи ДН Трио. Снимена е во „MarryPhat Studio“ во Скопје, каде што за одличниот звук се погрижи Ивица Јанкуловски, а за енергичниот видео запис беше задолжен сограѓанинот на Нешкоски, прилепскиот снимател и режисер Христијан Конески.

Претходниот сингл „Wild Night Out“ е издаден и под етикетата на хрватската Spona, со што ДН Трио започнува да ја освојува и интернационалната сцена, а најавена е и веќе закажаната турнеја во Хрватска, каде што во месец мај и јуни ќе настапуваат на Zagreb International Blues Festival и на многу други места, заедно со едни од најголемите светски музичари.

 

www.facebook.com/DavidNeskoskiOfficial



Врати се горе ↑