Аудио 1904240_811854092191227_1978694817347112246_n

27 ноември, 2014

Давид Нешкоски Трио најави нов албум и концерт

Триото предводено од виртуозот Давид Нешкоски во изминативе два месеца неуморно го подготвуваше својот нов, втор по ред студиски албум насловен „Today Tomorrow“, кој ќе го наследни минатогодишното издание „Magical Dreamland“. Албумот ќе содржи десет композиции, специјални гости и многу новости. Како прв сингл од претстојното издание деновиве беше претставена темата „Don’t You Mind“, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Новиот материјал ќе биде претставен во рамките на промотивниот концерт закажан за 23 декември во МКЦ во Скопје, во „денсинг салата“, со почеток од 20 часот, а специјален гостин ќе биде Дамјан Пејчиноски.

 

 



Врати се горе ↑