Настани 1175249_598390286870943_591125968_n

15 септември, 2013

Давид Нешкоски Трио на Блуз&Соул фестивалот во Скопје

Триото предводено од младиот прилепчанец Давид Нешкоски, односно Давид Нешкоски Трио кое во април годинава го претстави албумот „Magical Dreamland“, ќе го отвори овогодинешното идание на Блуз&Соул фестивалот кое ќе се одржува од 20-22 овој месец во Универзалната сала. Во петок (20-ти септември) по ДН Трио ќе следи настапот на Хенрик Фраишладер и неговиот бенд од Германија, а на втората фестивалска вечер во сабота ќе настапи една од најдобрите блуз вокалистки од Чикаго, САД, Дитра Фар која ќе биде придружувана од Рафаел Вресниг и неговиот бенд од Австрија.

Во недела, на последната вечер од годинешното издание на овој вестивал ќе настапи најновата сензација на британската блуз сцена – Вирџил & ди Акселерејторс.



Врати се горе ↑