28 мај, 2015

Давид Нешкоски Трио имаат нов видео запис

Триото предводено од виртуозот Давид Нешкоски деновиве го претстави својот нов видео запис. Станува збор за екранизација на песната „Don’t You Mind“, која е сингл од вториот студиски албум „Today Tomorrow“. Музиката на темата е компонирана од  самиот Давид Нешкоски, додека стиховите му помогна Костадинка Василева. Аранжманот е потпишан од членовите на триото – Кире Гаралоски (бас) и Благојче Пенов (тапани), а материјалот е сниман и мастериран во „Олмоуст фејмос студиос“ (Almost Famous Studios) во Скопје. Како музички продуценти се потпишуваат Горан Ристевски и Давид Нешкоски.

Видеото за темата „Don’t You Mind“ е снимено и режирано од Христијан Конески, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑