Аудио дн

18 март, 2016

Давид Нешкоски го најавува новиот албум со „Илузии“

По „Magical Dreamland“ (2013) и „Today Tomorrow“ (2014), прилепскиот блузер и гитарски виртуоз Давид Нешкоски го најавува своето трето студиско издание со синглот „Илузии“. Како автор на музиката и аранжманот се потпишува самиот Нешкоски, кој свири на гитара, кахон и перкусии, а за стиховите му помогна Натали Башеска, Жаклина Башеска – Нешкоска ги отпеа придружните вокали, на бас гитара свири Александар Шилоски и на саксофон Борче Миленкоски. Како звучат неговите „Илузии“ можете да слушнете во продолжение.

 

Инаку, после долги години како гитарист на бендот „Кросроудс блуз бенд“, Нешкоски ја започна својата соло кариера во 2012 година, со деби синглот „Wild Night Out“. Има настапувано на бројни фестивали во Македонија и регионот, а неодамна и во САД, поточно во Лос Анџелес и Њујорк.

 



Врати се горе ↑