22 март, 2017

Давид Миладинов пишува „Тивки писма“

Младиот пејач Давид Миладинов ја екранизираше баладата „Тивки писма“, со која се претстави на минатогодишното издание на фестивалот „Рига симфони“ во Рига, Летонија, освојувајќи сребрен медал. Автор на музиката и аранжманот е Филип Стевановски, а текстот го потпишува Маја Крстевска Коларова, додека за екранизацијата се погрижи екипата на „Прфект уединг“ (Perfect Wedding).

21-годишниот штипјанец, кој во моментов е студент на Музичкиот факултет во Скопје, на отсекот за соло пеење, настапил на повеќе домашни и меѓународни фестивали, а се подготвува за прв пат да запее и на еден од најпознатите фестивали во Македонија и во родниот Штип, „Макфест 2017“, кој од годинава повторно си го враќа традиционалниот октомвриски термин.

Покрај „Тивки писма“, на фестивалот во Рига, Миладинов освои и златен медал за темата „Не верувам во грев“, која ја отпеа и на минатогодишните „Охридски трубадури“, а деновиве ќе настапи и на меѓународниот фестивал „Музикалнаја волна“ во Германија.

17362582_827755517389170_1225561341161842957_n



Врати се горе ↑