Видео

20 јуни, 2019

Давид Михајлов ќе го освојува Балканот со „Злато моје“

Младиот велешанец Давид Михајлов смело зачекорува во музичките води и веќе со својот прв сингл има цел да го освои целиот Балкан. Имено, тој штотуку го претстави своето првенче насловено „Злато моје“, кое го отпеа на српски јазик, а чиј комплетен автор е неговиот сограѓанин, велешкиот продуцент Темелко Андреев и неговата продукција „Сајдчејн“.

„Јас и мојот тим многу веруваме во оваа песна, а веќе од секаде пристигнуваат позитивни коментари. Еве, сега за првпат ќе откријам дека песната ја слушна и Раста и многу му се допадна. Тоа ми даде само дополнителен мотив за да работам и во иднина. Се надевам дека ќе ѝ  се допадне на публиката“, откри Давид.

Песната стигна во комплет со екранизација за која се погрижи режисерот Владислав Гавриловски, а како што најави Давид, веќе се подготвува и втората песна, како и настапи ширум земјава.



Врати се горе ↑