Македонија 526977_429622853750462_298755008_n

9 февруари, 2013

Дарко ќе се „исповеда“ преку песна

Дарко Илиевски подготвува нова песна која всушност ќе биде најава и за новиот албум на кој во моментов напорно работи, пишува Вечер. Песната, како што вели Илиевски, е негова автобиографска, а за неа текстот го има напишано самиот.

„Подготвувам песна во која јас се појавувам како целосен автор. Ова е мое првенче и во буквална смисла ме опишува мене и една моја љубовна приказна која сакав да ја раскажам преку стихови“ – открива пејачот и додаде дека емоциите и чувствата се она што преовладуваат во оваа нова балада.

Во моментов се подготвува и аранжманот, а се очекува да излезе кон крајот на месецот. Во меѓувреме Илиевски е преокупиран со настапи и свирки, кои редовно ги има низ Македонија. Додека ја очекуваме новата песна, да се потсетиме на одличната „Да ти биде срам“.

Извор: Вечер



Врати се горе ↑