Македонија

27 мај, 2017

Дарко Илиевски стана менаџер

Дарко Илиевски ги заврши студиите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе, каде што се стекна со диплома за економист менаџер. Познатиот пејач ја објави веста на социјалните мрежи, заблагодарувајќи ѝ се на сопругата Ивана, како и на неговата класна раководителка од средно. 
даре

18582513_10208886685034029_1469013139933299060_n

Со завршувањето на оваа етапа, се надеваме дека Илиевски повторно ќе биде поактивен на музички план. Последното што го слушнавме од него беше синглот Она сака, објавен во 2015 година, а во меѓувреме ѝ помагаше и на помладата колешка Нена Мицева, која направи одлична преработка на неговиот заеднички хит со ДНК, „Едно тело“.

 



Врати се горе ↑