18 ноември, 2015

Дарко Илиевски со нова песна и видео запис за „Она сака“

По кусата пауза од објавувањето на „Никој како ти“, Дарко Илиевски повторно ги израдува фановите со нова песна и видео запис. Станува збор за темата насловена „Она сака“, чиј комплетен автор е самиот Дарко, а мастерингот е направен во студиото на Раде Врчаковски – Врчак, додека екранизацијата се снимаше на повеќе локации во студио и во хотел „Милениум“ во Охрид. За организација на самиот видео запис беа вклучени голем број статисти, професионални танчери од школата на балетско студио „БАХ“, моделот Наташа Неделковска, голем број сценографски и костимографски реквизити.

Видео записот е во реализација на креативниот тим Владимир Ивановски – Дади и Горан Костадинов во продукција на „Горила филмс“ Новата песна е само најава на она што следи од Даре, а како звучи и изгледа „Она сака“ можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑