Македонија 00088.MTS.Still003

21 јули, 2014

Дарко Илиевски најавува „Ноќ со тебе“

После освоеното второ место на „Макфест 2014“, Дарко Илиевски продолжува со нова песна и видео запис. Станува збор за темата насловена „Ноќ со тебе“,  која е и најава за новиот албум на Илиевски. Автор на аудиото е Лазар Цветкоски, а автор на видеото е Владимир Дади Ивановски.  Текстот во песната говори за тоа како една ноќ може да ги промени претходните планови и да ве одведе во една друга насока.

Дарко инаку за прв пат се одлучи да сними видео запис во студио варијанта: „Премногу сум задоволен од целокупниот производ и сум многу среќен што соработував со двајцата врвни автори едниот од аудио, а другиот од видео секторот. Исто така сум пресреќен што во мојот спот се појави прекрасната и талентирана Илариа Кирилов. Се надевам дека со оваа песна и спот ќе внесеме нешто свежо на македонската естрада“, вели Даре.

Режисерот Дади, кој зад себе во 2 годни има веќе 30 видео записи, вели: „После 2 години соработка со Даре, за прв пат се согласивме и двајцата дека треба да направиме еден студиски видео запис, но сепак тоа не нè спречуваше да експериментираме понатаму, иако се работи за студиски видео запис. Со Даре сме пред сè другари и се разбираме премногу точно и прецизно. Дефинитино е голем професионалец, секогаш успевам да го извлечам максимумот од него и ми се допаѓа што со него до крај ја остваруваме мојата замисла. Ги слуша моите совети и сугестии и прифаќа сè што ќе му предложам. Единствено што можам пред премиено да откријам е тоа дека во спотот ќе видиме чудни визии од Даре и од целата сценографија, како и од прекрасната Илариа.“

Како продуцент на овој видео запис, Горила филм најавува дека промоцијата ќе се случи наскоро.



Врати се горе ↑