Промоции Poster

4 јуни, 2013

Дарко го промовира „Не е фер“ во Синеплекс

Новата песна на Дарко Илиевски насловена „Не е фер“, на која ексклузивецот на Горила продукција работеше повеќе од една година, утре ќе ја доживее својата премиера. Промоцијата ќе се одржи во среда, 5-ти јуни, во CITY MALL во КИНО CINEPEPLEXX / САЛА 5 / КИНО ПРОЕКЦИЈА ВО 12:30ч. Видеото е едно од последните мајстории на режисерот Владимир Дади Ивановски и на него е работено со најсовремена филска опрема и технологија. Дарко за потребите на спотот и за да го постигне посакуваниот изглед на остарен човек, скоро четири месеци не ја бричеше својата брада, ниту пак ја скрати својата коса. „Не е фер“ е комплетно авторско дело на Даре, додека пак за аранжманот се погрижи познатиот композитор и продуцент Лазар Цветкоски.



Врати се горе ↑